Убавина и мода

3 модели на здолништа кои ќе бидат модерни оваа есен

Ви недостига инспирацја за есенска комбинација? Ви даваме топ три модели на здолништа. Станува збор за многу женствени модели.

Оваа есен ќе се носат две должини, миди или мини.

1.Мини кожно здолниште

Кога избирате мини золниште, гледајте тоа да биде благо ѕвонасто, со А крој. Овој модел изгледа најдобро и го неутрализира евентуалниот вулгарен момент. Мини кожно црно здолниште веќе прерасна во класика, а за да бидете автентични, тогаш остатокот од комбинацијата нема биде впечатлив.

2.Плисирано миди здолниште

И самата миди должина е доволна за да бидете прогласена за дама со стил, па уште и ако станува збор за плисирано здолниште, чиста десетка за вас. За контраст облечете блејзер во машки крој и чизми со превртена кожа или лакирани со шпиц.

3.Здолниште од сомот

И минатата сезона се носеа здолништа од сомот, но оваа година тие земаат многу повисоко место.