Здравје

5 причини зошто медот е вашиот одличен сојузник во есенските денови

Уште од античко време, медот е користен како дел од исхраната и медицината. Денес, медот е една од најздравите состојки кои треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.

Тој е особено корисен како замена за рафинираниот шеќер, но носи и многу други корисни состојки за нашето здравје, а и убавина.

Богат со антиоксиданти

Тој користи големо количество на висококвалитетни антиоксиданти. Тие вклучуваат органски киселини и флавоноиди. Научниците веруваат дека ваквата  комбинација му дава огромна антиоксидантска моќ на медот. Тие се поврзани со намален ризик од срцев удар и одредени видови рак.

Добар за крвниот притисок и холестеролот

Многу истражувања покажуваат дека медот има моќ да го намали крвниот притисок. Со тоа, тој е важен фактор за намалување на ризикот од срцеви заболувања.  Освен тоа, медот е одличен борец против лошиот холестерол.

Ги намалува триглицеридите

Триглицеридите се уште еден фактор за срцев удар и други срцеви заболувања. Многу студии покажуваат дека медот има моќ да ги намали триглицеридите, особено доколку тој се користи како замена за шеќерот.

Заздравување на раните

Медот е одлична состојка за лечење на раните. Оваа навика ја користеле уште и старите Еѓипќани, а е присутна и денес. Медот е одличен за убоди, рани, инфекции и изгореници. Освен тоа, добар е и за лечење на одредени кожни заболувања, а се верува и дека ја спречува појавата на акни.

Ги спречува кашлиците

Медот е природен лек за спречување на кашлицата и намалување на ризикот од респираторни инфекции. Тој е особено корисен кај децата.