Миленици

7 причини зошто мачките го прославуваат нашето доаѓање

Постојано се обидуваме да го разбереме чудниот свет на мачките и упорно не ни оди. Постојат неколку причини поради кои мачките ни се радуваат кога ќе дојдеме дома.

1.Доста им е од спиење 

Иако се уште ја немате инсталирано камерата за да видите што прават мачките кога ве нема, се претпоставува дека поголемиот дел од времето спие. Кога ќе ја отклучиме вратата и ќе влеземе во станот, веднаш скокаат и не пречекуваат до врата, но во исто време ги чистат очите и се прозеваат. Тоа е јасен знак што правеле пред тоа. Всушност и на нив им е преку глава од спиење, па кога ќе се вратите дома гледаат само друштво.

2.Можат да не обележат со миризба 

По излегување од дома веднаш почнуваме да собираме страни миризби. Без разлика каде сме биле и што сме правеле, кога ќе се вратиме дома мачката сфаќа дека имаме нови миризбе на себе. За да ја одбележат територијата повторно, тие се вртат околу нозете само за да можат да доминираат.

3.Се надеваат дека веднаш ќе подготвиме вечера 

Мачките обожаваат кога нешто се случува во кујната, па и тогаш кога не е за нив. Тие се привлечени од миризбата, а постои и можност да бидат почестени со некое парче храна.

4.Ќе им помогнеме да ја извадат играчката која и се заглавила 

Доколку цел ден сме надвор, мачката покрај тоа што спиела, таа имала време и да се игра. При тоа можно е да се случиле некои проблеми, како што е заглавено топче под креветот. Поради тоа нашето доаѓање го дочекуваат со насмевка и мирно чекаат да сфатите што сака да направите.

5.Време е за мазење 

Секако, со доаѓање дома отвораме можност за скокање, одмор во прегратки и мазење. Некои мачки можат да ве пратат по целиот дом додека се пресоблечете, извршите се што имате и тогаш конечно да скокне кон вас за да се мази.

6.Можеби следува туширање 

Голем број мачки ја сакаат бањата исто како и кујната. Можеби поради тоа што нивниот сопственик престојува тами или пак доколку се случува нешто интересно и поинакво. И оние мачки кои не го сакаат туширањето, со задоволство ќе поминат време во бањата додека сопственикот се тушира и се забавува на свој начин.

7.Претпоставуваат дека ќе добијат храна 

Се е супер, и игра и мазење, но храната е на прво место. За најголемиот број мачки тоа е најслаба точка па и тогаш кога не е време за храна, ќе направат се за да добијат нешто за грицкање.