Жолта минута

Беа на чекор до развод но… Конечната вистина излезе на виделина кога е во прашање бракот на Ана Николиќ и Раста

Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста уште на самиот почеток ја криеја љубовта. Раста секогаш бил пробирлив кога жените се во прашање, а за Ана сонувал уште во средношколските денови.

Ана Николиќ за својот сегашен сопруг прв пат слушнала кога започнале да соработуваат, а за брзо време и се вљубиле.

Ана и Раста во 2016 година се венчале во тајност, а во 2017 година ја добиле ќерката Тара. Малку после породувањето на Ана, се прошири веста дека пејачката се разведува од раперот.

Се шпекулираше дека Ана е во постпородилна депресија и дека тоа со Раста го доживеала како личен пораз, поради кој побарала помош од психијатар. Сепак, Ана и Раста сфатиле дека не можат еден без друг, па на крај одлучиле дека нема да се разведат.