Живот

Дали сте среќни? Што е тоа што ве прави среќни?

Дали сте среќни? Што е тоа што ве прави среќни?

Кога ќе помислите на среќата, кои мисли доаѓаат во вашиот ум, на кои луѓе помислувате, на кои спомени и места? Кои се „виновници“ за вашата среќа и несреќа?

Колку среќата е драгоцена за вас? Каде живее таа?

За кого ја жртвувате среќата? Кој ви носи несреќа? Зошто го толерирате тоа?

Живееме во модерно време, кога некоја апликација не ни се допаѓа во нашиот телефон или компјутер, ја бришеме. Додаваме нова. Зошто не би го направиле тоа и со нашиот живот – ситуациите и луѓето во него?

Мирниот живот е најсреќен живот. Ништо на светот не може да се измери со спокојот при пиењето на првото утринско кафе, звукот на децата кои си играат во дворот, ѕвонењето на телефонот кога пријателите сакаат да прашаат како сме. Тие се наједноставните нешта во животот –  да живееме за нив.

Кажете си гласно: Јас сум среќна личност, не ми треба ништо повеќе од тоа. Ништо повеќе и ништо помалку.

 

Тагови