Љубов и секс

Дали знаете дека според основните црти на лицето на некоја личност може да заклучите каква е во кревет?

Каков е обликот на носот, какви се веѓите или пак очите… Преку основните црти на лицето, дознајте каков е во кревет…

Дали знаете дека според основните црти на лицето на некоја личност може да заклучите каква е во кревет? Ако ве интересира каква е некоја личност во сексот, а при тоа не сакате да ја одвлечете во кревет за да го дознаете тоа, погледнете го нејзиното лице.

Кинезите тоа го практикуваат веќе илјадници години и тврдат дека цртите на нашето лице кажуваат сè за нашата личност, но и за желбите во кревет.

Познатиот сексолог Трејси Кокс подетално се занимавала со кинеското учење и открила некои интересни работи.

Веѓи

Оние личности кои имаат мали и ретки веѓи речиси и да немаат желба за секс, но затоа имаат голема смисла за хумор.

Густи и дебели веѓи имаат личности кои се сексуално отворени за нови експерименти, а можеби и за изневерување.

Очи

Светлите очи покажуваат дека личноста е во потрага по нови предизвици, лесно е да ги задоволите, а љубовта малку им значи, па лесно се склони кон неверство.

Оние кои имаат темни очи се страствени и уживаат во долг секс, динамични се во креветот и обожаваат секс, но тешко се отвораат.

Нос

Прчестиот нос е препознатлив за романтичните личности кои сакаат традиционални пози. Не ги интересира експериментирање и може да бидат малку досадни.

Луѓето со рамен или малку згрбавен нос, обожаваат секс, го сакаат во големи количини и одлични се во кревет.

Подочници

Ако некој има мали и тенки подочници, значи дека таа личност е со добар сексуален апетит, секогаш подготвени и отворени за сè.

Дебелите и големи подочници се обележје за личности кои многу размислуваат за сексот, имаат многу силно либидо и сакаат сè што е врзано за сексот.

Уста

Личностите со големи усни се несебични љубовници кои сакаат да ја задоволат другата личност. Ако се во игра полни усни, тогаш сензуалноста е гарантирана.

Малата уста е карактеристична за инвентивни љубовници со многу идеи, но и личности кои многу брзо доживуваат оргазам. Верни се.

 

Тагови