Видео Диета и Фитнес

Едноставна вежба за цврсти и добро формирани нозе

Mногу ефикасна вежба што можете да ја правите додека гледате серија или филм.

Генетиката е еден од факторите кој не ни дозволува да успееме да ги зацврстиме и обликуваме бедрата. Многумина од нас се родени со помалку мускулни, а повеќе масни клетки. Друг фактор може да биде и тоа што не правиме доволно вежби кои се наменети за тој дел од телото.

Недостатокот на физичка активност може да доведе до пад на мускулната маса, а што помалку мускули имаме, толку помалку калории согоруваме. Резултат на тоа се не толку привлечни бедра.

За да го решите тој проблем ви предлагаме едноставна вежба за цврсти и убаво обликувани бедра. За вежбање потребна ви е само една перница која ќе ја поставите помеѓу бедрата.

Постапка за изведување на вежбата:

  1. Легнете на подлога за ваежбање, свиткајте ги нозете и ставете ја перницата помеѓу бутовите. Перницата во текот на целата вежба треба да е поставена помеѓу нозете.
  2. Цврсто стиснете ја перницата, стегнете ги стомачните мускули и во таа положба останете 60 секунди. Потоа одморете 60 секунди па повторете ја постапката.

Вежбата повторувајте ја најмалку 10 пати  и со секое ново вежбање зголемувајте го бројот на повторувања на постапката.

Погледнете го видеото во продолжение:

 

Тагови