Животен стил

Како го преживеав разводот: Не си заминав, одбирав да преживеам, да напредувам и да создадам радосен живот

За време на мојот развод, јас молчев пред другите. Тивко го тргнав мојот статус од Фејсбук, ниту пак објавив нешто јавно околу тоа. Повеќе не го спомнувам бившиот маж.

Кога ситуацијата стана очигледна, добив многу изливи на љубов и поддршка, за кои секогаш ќе бидам благодарна.

Меѓутоа, многу често слушам луѓе кои велат дека луѓето „креваат раце“ од своите бракови. Иако постојат луѓе кои имаат поопуштен пристап кон бракот и разводот, сепак повеќето од нас влегле во брак исполнети со надеж дека тоа ќе трае засекогаш.

Секоја разведена жена која ја познавам се борела како лавица за да го спаси својот брак пред конечно да одлучи да се спаси себеси.

Има одредена точка кога сфаќаме дека бродот тоне и многумина од нас имаат деца кои треба да ги спасат. И така бегаш од проклетиот брод и почнуваш да бараш чамец за спасување – нов живот.

Не сме се откажале.

Ние сме се спасиле, сме ги спасиле нашите деца.

Ние не сме се откажале од нашите бракови: ние ги преживеавме.

Кога сфаќаме дека не можеме да воспоставивме однос со другата страна, мораме да се одлучиме. Слушнавме како нашите срца вриштат за да си одиме. Почнавме да ја слушаме нашата интуиција која ни кажуваше дека оваа ситуација не е здрава за нас и дека мораме да направиме сѐ што е потребно за да го подобриме нашиот живот.

Ние сме сфатиле дека нашиот партнер не е повеќе партнер од моментот кога се одлучил да не се бори за нашиот однос. Сфативме дека врската е завршена и почнавме да преземаме чекори за да ставиме точка.

Ова не е работа на откажување, туку прифаќање на работите онакви какви што се и избор да живееме најдобар живот што можеме.

Открив дека многумина од нас доживуваат осудувања. Станавме негативци. И кога проаѓаме низ развод, често ја губиме поддршката на луѓето кои долго сме ги сметале за членови на семејството.

Разводот не е лесен, без оглед на тоа како изгледа одвнадвор. Разводот нѐ менува на многу начини и често ни е тешко да им веруваме на другите. И важна ни е поддршката. Понекогаш најдобра е поддршка кога некој ќе нѐ ислуша. Не ни е потребен непосакуван совет или тајната на успешниот брак или коментар за тоа дека денес сите лесно се откажуваат од бракот.

За мене разводот беше трансформативен. Тој беше катализатор за многу нови животни избори. Повторно успеав да сонувам и да создавам живот со моите деца, живот каковшто отсекогаш сум посакувала. Си дозволив себеси да бидам посилна и поавтентична отколку што некогаш сум била.

Ја изгубив способноста да толерирам секакви глупости, но баш тогаш станав реална во врска со моите борби, а тоа ми овозможи да изградам блиски односи со луѓето кои ги сакам.

Кога ќе видам некој маж или жена кои се борат во тој процес, често нудам топол збор и ги слушам, знаејќи дека и они попрво би сакале да имаат среќен брак отколку да се влечат по судови, да плаќаат адвокати и да чувствуваат болка во срцето поради распаѓањето на нивната заедница.

Не се откажуваме: ние одбираме да живееме најдобро во условите кои ни се дадени.

Не си заминуваме, одбираме да преживуваме, да напредуваме и да создадеме радосен живот.

Тагови