Низ времето

“На свадба на пријателката однесов поклон само 20 евра, а таа пред сите почна да ги отвара пликоата – следуваше шок”

Оваа жени го доживеала најголемиот шок во животот и тоа од својата најдобра другарка.

“Свесна бев дека тоа се малку пари, од повеќе причини: богата свадба, јас нејзина најдобра другарка, а и бев кума. Сепак и покрај тоа ние не можевме да дадеме повеќе. Немавме од каде. Јас не работам, а мојот сопруг зема плата од 250 евра, едвај излегуваме на крај, а имаме и дете. Да немавме стан, кој ни го отстапија неговите, немаше да имаме ниту за кирија. А вака, некако преживуваме од плата до плата

Свадбата на Милица ја чекав цел живот, таа ми е како сестра, која никогаш не сум ја имала. Моравме да отидеме, па макар и да не однесеме ништо. Ги земавме последните 20 евра и ги ставивме во плико, а јас се чувствував како најлоша личност на светот.

Како поминуваше свадбата, некако заборавив на тоа чувство. Најлош момент беше кога, откако ги собра пликоата со пари, одлучи да земе микрофон и да почне да ги отвара еден по еден. Останав без здив.

Прв пат доживеав такво нешто. По нејзиниот израз на лицето сфатив дека не и е драго што го прави тоа, но сопругот и неговите така и наредија, бидејќи така се прави во нивниот крај.

Како ги отвараше пликоата, јас така умирав. Се редеа цифри од 100, 200, 500 евра. Мене како кума ме остави за крај. Како да не ми беше доволно што ме гризеше совеста, па кашак уште ова.

Кога го отвори моето плико, јас и сопругот веќе почнавме да добиваме црвена боја од срам и спремни бевме да побегнеме од свадбата, а мојата пријателка пред 500 луѓе извика дека од својата најдобра пријателка и кума добила 1000 евра.

Бев во шок. Со сопругот се погледнавме и ништо не ни беше јасно. А, и сите други гледаа во нас и ни се восхитуваа. Боже, какви се овие луѓе, си помислив. Ни ни паметам дали некогаш во раце сум имала толку пари.

После некое време, мојата пријателка се доближи до мене и ми кажа дека знае во каква ситуација се наоѓаме и дека сака да ми ги врати парите, бидејќи како што кажа моето искрено пријателство, е поважно од било која сума на пари.

Заплакавме од среќа.”

.