Видео Убавина и мода

Најубава пролетна романтична фризура! Направете сами водопад плетенка (ВИДЕО)

Мал е бројот на фризури кои можете да ги носите во секоја прилика, без разлика колку години имате, а сепак да ви биде пофален па дури и од случајни минувачи вашиот изглед на косата. Идеалан фризура за вакви ситуации е водопад плетенката. Истовремено е романтична и практична, а во зависност од приликата сосема е и прилагодлива.

Доколку денес, со помош на оваа видео успеете да ја напрвите оваа плетенка, веќе од утре ќе можете за кратко време да си направите себе си или на некој друг фризура,  која е практична, но пред се убава и се разбира модерна. За правење на оваа фризура нема да ви бидат потребни специјални реквизити.

Во случај да одите на некоја свеченост можете да додадете и некој цвет, без разлика дали ќе биде вештачки и вистински совршено ќе се вклопи во ваква плетенка, а остатокот од косата пуштете го слободна да паѓа, без разлика дали имате брановидна или сосема права коса.

Погледнете го видеото и упатствата како да направите совршена водопад плетенка.