Жолта минута

Наташа Беквалац ја отвори вратата на својот дом, а повредите се повеќе од видливи

Деновиве балканските медиуми се преплавени од информациите околу претепувањето на пејачаката Наташа Беквалац, кое нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ го демантира велејќи дека модриците и се од антицелулитни масажи, а повредите на лицето дека сама си ги нанела.

Како и да е, новинарите на Ало отишле да ја посетат пејачката и да се обидат да добијат нејзина изјава во врска со случајот. Соседите на поп ѕвездата откриле дека кај Наташа сега во посета доаѓаат само нејзините сестри, а екипата на Ало позвонила на незјината врта. Во моментот кога заѕвониле, се слушнало лаење на кучињата и плач на бебе, но пејачката сепак ја отворила вратата.

Кога ги здогледала новинарите, ги замолила да не ја фотографираат, а нејзините миленции истрчале од станот. Наташа се обидувала да ги врати внатре, а новинарите забележале дека Беквалац веќе не ја носи бурмата и дека повредите по лицето и се повеќе од видливи. Кај влезната врата имало кутии во кои најверојатно се наоѓале спакувани работите на Лука, бидејќи на врвот имало и топка за кошарка.

Екипата на српски Курир, успеала дури да ја фотографира со бебето.

Извор: Република