Миленици

Необичен оглас за работа: Се бара професионалец за галење мачки во Даблин

Една ветеринарна клиника, а воедно и прифатилиште за мачки од Даблин објави интересен оглас за сите љубители на мачки. Прек овој оглас се бара професионалец за галење на мачки. Од прифатилиштето нагласиле дека за оваа работе не е потребна некоја посебна и дополнителна обука, туку е потребна вистинска љубов кон мачките.

Според критериумите дадени од нив, идеалниот кандидат треба да има нежни раце за галење на мачката по цел ден. Во исто време треба да има и нежен глас, тивко да зборува и да ги смирува мачките.

Пред да се одлучите да аплицирате за ова работно место, потребно е да си одговорите на следниве прашања: 

Дали сте луди по мачки?

Дали љубовта кон животните природно ви доаѓа?

Размислувате ли за мачките пред да заспиете?

Дали ги храните уличните мачки?

Ви чини ли задоволство и топлина кога ги мазите мачките?

Доколку позитивно одговорите на овие прашања, значи дека сте подготвени да ја работите оваа работа и можете слободно да аплицирате.