Здравје

Невен – природен лек против многу болести

Невенот може да го најдете во лозјето и градините, а може да се сретне и на ливадите. Оваа билка е лековита за време на цветањето, тогаш се собираат листовите и цветот додека сè уште не е целосно расцветан.

Листовите на овој цвет имаат непријатен мирис. Самиот цвет се употребува за производство на лековити продукти. Се збираат цветовите со портокалова боја и големи, а не бледи и тенки. Потребно е брзо сушење на цветот за да ја зачува природната боја. Ливчињата на оваа билка имаат огромна вредност.

Лековито влијание на невенот

Невенот се користи за лекување на жолтица, запек, болести на желудникот и цревата, а особено за чиреви во желудникот и цревата.

Од ливчињата и цветот на невенот, домашната свинска маст и восок, се подготвува маста од невен која помага за лечење на рани, отечени жлезди, краста осип и болка на коските.

 Фармацевско влијание на невенот

Невенот со право се нарекува кожна билка бидејќи не постои кожна болест на која не може да ја излекува или во краен случај да ја намали. Се користи за внатрешна и за надворешна употреба на многу болести и проблеми како: акни, брадавици, циста, егзема, хемороиди, херпеси, лупење и мастење на кожата, изгореници, различни инфекции, себореја итн.

Оваа билка при употреба делува на следниот начин:

– го забрзува потењето;

– го засилува мокрењето;

– ги смирува грчевите (црева, желудник мускулите);

– го балансира месечниот циклус;

– ги лечи болестите на внатрешните органи;

– помага за лечење на внатрешни и надворешни болести (повреда, рана, инфекција, модрици…);

– успешно ги лечи вените;

– заштитува од канцерогени заболувања;

– ги лечи невролошките болести;

Начин на употреба на невенот

Научно е докажано дека составот на оваа билка уништува различни бактерии во организмот. Кога невенот го консумираме како течност (чај), тогаш го пиеме три пати на ден половина час пред оброкот.

Кога го користиме како маст тогаш често го мешаме со различни здрави билки како: глуварче, кантарион, равнец итн.

Во терапевтската употреба невенот често се меша со кантарионово масло кое е исто толку лековито и делува синергетски на телото.