Видео Живот

Плеј листа – сеќавањата никогаш нема да избледат: Тоше Проески, еден и единствен

Тоше Проески. Еден и единствен. И за младите и за старите. И за жените и за мажите и за децата.Музичка ѕвезда кој за жал многу рано замина во рајот, но големите луѓе имаат само датум на раѓање, а не и датум на умирање. Големите луѓе никогаш не умираат. Тие живеат засекогаш, со срцата, во душите, во сеќавањата…

Таков е и споменот на Тоше Проески… Секогаш свеж, секогаш убав…

Зад себе остави големи дела, дела кои секој ден се слушаат. Дела кои ги знаат сите. И постарите и поновите генерации. Дела кои и натаму ќе се слушаат. Дела за кои уште многу ќе се зборува.

“Усни на усни”, “Сонце во твоите руси коси”, “Руски рулет”, “Твоите бакнежи на моите бели кошули”, “Чија си”, “Ангел си ти”, “Тајно моја”, “По тебе”, “Среќна ли си ти”, “Иги без граници”, “Боже чувај ја од зло”…