Кујна

Посна салама со сусам готова за 15 минути

Во тек се зимските слави, а дел од нив се и посни. Оваа посна салама со сусам е предлог што плус да имате на вашата славска трпеза.

Состојки:

-5 супени лажици мед

-40 гр.шеќер во прав

-околу 65 гр.маргарин

-50 грама црна чоколада за готвење

-50 гр.сецкани ореви

-100 гр.мелени бисквити

-100 гр.сусам

Подготовка:

Сусамот испечете го во тавче, без додавање на масло. На тивок огин стопете го медот и шеќерот во прав. Додадете маргарин и чоколада и мешајте додека сите состојки не се соединат.

Тргнете од шпорет и во смесата додадете сусам, ореви и мелени бисквити. Се добро соединете и добро распоредете во калап во форма на триаголник. Калапот е најдобро претходно да го обложите со фолија или ќеса за подоцна полесно да го извадите колачот.

Оставете го во фрижидер за да се стегне.