Кујна

Ролат со кокос кој не се пече – готов за 20 минути

Уште еден прекрасен рецепт, воедно брз и без печење. Ролат со кокос… Идеален за слава, за роденден, за било каков повод, па и без повод.

Состојки:

-150 гр.мелени бисквити

-една чаша вода

-250 гр.шеќер

-200 гр.кокос

-100 гр.мелени ореви

-100 гр.чоколада за готвење

-еден маргарин

Подготовка:

Ставете го шеќерот со чашата вода за да зоврие и мешајте додека шеќерот не се растопи. Во растопениот шеќер додадете бисквити, ореви, кокос  и маргарин, па се добро измешајте додека смесата не се соедини и поделете ја на два дела.

Во една половина измешајте растопена чоколада и мешајте се убаво да се соедини. Првин расукајте го белиот дел, па врз него додадете го делот со чоколадата. Се убаво замотајте во ролат и оставете да се стегне.

 

Тагови