Кујна

Сендвич ролна – ручек готов за 20 минути

Ако сакате најмилите или пак гостите кои ви се најавија да ги изненадите со нешто ново, а воедно и многу вкусно, а кое се подготвува брзо, тогаш оваа сендвич ролна е идеална за вас.

Состојки:

-6 парчиња тост леб

-6 парчиња кашкавал

-6 парчиња шунка

-3-4 јајца

-презла

Подготовка:

Со помош на сукало расукате ги тост лепчињата. На секое ставете парче шунка и кашкавал, а потоа замотајте. Наместо шунка можете да користите и сланина.

Ролничките ставете ги првин во јајце па во презла. Пржете ги на врело масло додека не добијат убава боја.