Здравје

Започнете го есенскиот ден здраво: Калинка – најлековитото овошје кое што постои на светот

Есента е богата со многу здрави плодови. За кој плод и да се фатите, знаете дека имате извор на витамини во рацета. Но, калинката се издвојува како најпосебна. Калинка, таа се смета за едно од најлековитите овошја кои постојат ширум светот.

Некогаш дрвото од калинка го красел речиси секој двор од југот на земјава, а сега ја купуваме на пазар. Ако сте ја одминале тезгата со калинки Ве потсетуваме на научните тврдења за лековитоста на ова овошје.

Многу студии потврдиле дека калинката е една од најлековитите овошја во светот поради нејзините корисни ефекти врз кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем. Резултатите покажале дека дневна доза на екстракт од калинка може да помогне во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол. Научниците веруваат дека го намалува ризикот од срцеви заболувања кај гојазни пациенти за 17 отсто.

Покрај корисниот ефект врз крвните садови, состојките од калинка го инхибираат растот на дојката, на простатата, дебелото црево, леукемија и ги спречуваат промените што ги поттикнува растот на туморот.

Калинка е полна со витамин Ц и се смета за одлично средтво против процеси на восплаувања, и е одличен извор на витамин Б5, калиум, природни феноли како елагитанин и флавоноиди.

Таа содржи фитохемикалии кои го стимулираат создавањето на серотонин, влијателен за подобро расположение и естроген за одржување на коскената маса, а ова откритие е исклучително важно за превенција на остеопорозата.

За подобрување на имунитетот и превенција на болести здравствени експерти препорачуваат дневна доза од 2.5 децилитар на свежо исцеден сок од калинка, или квалитетен сок ако го има во продажба.

Истражувањата покажаа дека маслото од калинка штити од рак, дијабетес, дебелина и болести на срцето, а богатството на антиоксиданси го прави маслото од калинка моќен сојузник против стареењето. Ја враќа еластичноста на кожата, истовремено борејќи се против егзема, псоријаза и од сонце изгорената кожа.

Масните киселини кои ги содржи калинката го намалуваат отокот и болката во мускулите. Изобилува со фитоестрогени, која ги ублажи симптомите на менопауза и предменопаузата, како што се топли бранови, промени во расположението, ноќно потење и недостаток на либидо. Покрај сите горенаведените, сокот од нар ја подобрува еректилната функција и го зголемува квалитетот на спермата.

Примената на калинката во домаќинствата е голема, бидејќи тоа може да биде свежо освежување, да биде подготвен во желе, колачи, сирупи, меласа, сокови, ликери, вино, оцет и чај.
Ако ја немате во двор, побарајте ја на пазар оваа корисна и здравствено ефективна овошка.